Заврши младинската размена во рамките на проектот Mingle and Exploring Human Rights in Europe

Во периодот од 7 до 14 декември 2019 година во Кратово се оддржа првата активност во рамките на проектот “Mingle and Exploring Human Rights in Europe!”. Проектот е поддржан од програмата Еразмус плус и националната агенција на Германија. На обуката учествуваа млади и младински работници од Македонија, Турција, Франција, Романија, Германија, Бугарија и Литванија.

Обуката имаше за цел да ги информира и мотивира младите лидери/ки, особено маргинализираната младина активно да се вклучат во промоција на вредностите на човековите права, истовремено преку употребата на неформалното образование да им ги пренесе информациите. За да истите ги промовираат помеѓу нивните врсници работејќи на вредностите на демократијата, човековите права, правото на пристап до бесплатни јавни информации, правото на глас и слобода на избор, правото да поставуваат прашања во нивните општини и да го кренат гласот за нивните права како граѓани.

Целта на проектот MEHRE е учесниците да станат активни граѓани кои делуваат самостојно и соодветно реагираат во решавањето на своите проблеми пред надлежните институции, придонесувајќи за почитување на демократските вредности на едно општество, транспарентноста и владеењето на правото. Овој проект не го само зголемува знаењето и чувствителноста на младите Европејци за темите на човекови права, демократија и дискриминација, со акцент на антициганизмот, туку ги прави свесни за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и Европа во целост.

Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои првата беше оддржана во Кратово:

  • Обука за младински работници – Кратово (Македонија) – декември 2019
  • 2 Младински размени (Берлин, Германија и Решица, Романија) – мај 2020 и јули 2020