Categories
Новости

Заврши младинската размена “By your side”

Од 15 до 23 декември 2018 во Краков и Закопане (Полска) се оддржа младинската размена “By your side” поддржана во рамките на Еразмус плус програмата на Европската Унија.

Организатор на младинската размена беше младинската организација Stowarzyszenie Ryza од Краков. Партнери на размената беа РРОМА од Македонија и Elektrenu kulturos centras од Литванија.

Учесниците работеа на темите толеранција, почит и прифаќањето на различностите. 39 учесници од Македонија, Полска и Литванија учеа за човекови права, интеркултурен дијалог и алатки за борба против феноменот на расизмот, ксенофобијата, шовинизмот и фашизмот во нашите општества. Продуктот во вид на флеш-моб беше претставен на јавноста во Закопане.

РРОМА учествуваше со 13 учесници, кои што беа претходно селектирани за учество. Лидери на групата беа Надир Усеин и Елвис Кундевски.