Заврши младинската размена “United we stand, divided we fall!”

Во период од 14 до 22 јуни 2019 година, во Поронин (Полска) се оддржа младинската размена насловена “United we stand, divided we fall!”. Младинската размена беше организирана од страна на организацијата Stowarzyszenie Ryza од Краков во партнерство со РРОМА (МКД), Nograd Megyei Cigany Kisebbsegi (Унгарија), Kepviselok és Szoszolok Szovetsege (Унгарија) и Gymnázium Andreja Vrábla Levice (Словачка), а поддржана од Еразмус плус програмата.

Проектот го поддржува процесот на развивање на отворено и толерантно општество, ослободено од стегите на дискриминацијата и предрасудите, пред се на расна и верска основа. Младинската размена во рамките на проектот послужи за промоција на основните европски вредности и принципи, каде што група од  40 млади од 4 европски држави реагираат против дискриминацијата, недостатокот на толеранција,  и против расизам и ксенофобија.

Младите имаа можност да ги прошираат своите видици и хоризонти, да стекнат пошироко познавање и перспектива за засегнатите прашања и активно да учестуваат во креирањето на продуктите на младинската размена (музика, филм, публикација и работилници).

 

Соработката со Stowarzyszenie Ryza ќе продолжи и во наредниот период.