Започнува проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од 2 април 2018 година започнува со имплементацијата на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“. Истиот, ќе се имплементира 9 месеци, односно до 31.12.2018 година.

Проектот е поддржан во рамките на повикот за суб-грантирање на граѓански организации Бр. 0818-6.1 објавен од здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ има за цел да работи на еднаков пристап на лицата без документи до јавните добра и услуги пружени од државата преку воспоставување на механизам и алатки за застапување на законски измени за решавање на нивниот статус.

Специфичните цели на проектот вклучуваат:

  • Градење на капацитетите на НВО и засегнатите страни за работење со лицата без документи на терен, евиденција, следење и решавање на проблемот преку case management систем
  • Проценка на влијанието на регулативата во сенка за оценување на позитивните и негативните ефекти на предложените регулативи
  • Промовирање на добри практики за работата со лицата на терен со лицата Роми без документи

Очекуваните резултати од проектот се:

  • Case management систем за НВО за идентификување на лицата без документи, работа на терен, водење на случај, процесирање и евидентирање
  • Проценет импакт на влијанието и извештај во сенка на регулативата за оценка на позитивните и негативните ефекти на предложените законски измени
  • Развиен прирачник  за решавање на конкретни случаеви и мерки за превенција

Во рамките на проектот како целни групи ќе бидат вклучените НВО во проектот, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа и управата за водење на матична книга. Проектот, како корисници ги идентификува лицата без документи и локалните самоуправи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.