Конференција во Темишвар за одбележување на меѓународниот ден на Холокаустот

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација заедно со партнер-организацијата Нево Парудимос од Романија од 26 до 29 јануари 2019 година во Темишвар организараше конференција за одбележување на меѓународниот ден на Холокаустот во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија.

Конференцијата насловена “75 години сеќавање” се оддржа во соработка со универзитетот од Темишвар и еврејската заедница на градот. Истата имаше за цел да зборува за Ромскиот геноцид кој што се случи за време на Втората светска војна, со посебен акцент на Романија и Балканот, и да гради заедништво и солидарност при одбележувањето на овој важен ден.

На конференцијата учество зедоа експерти од Германија, Србија, Грција, Македонија, Романија, Албанија, Бугарија, Унгарија и останати европски земји.

Експертот, господинот професор Христо Ќучуков зборуваше за идеологијата на тогашната нацистичка Германија и како истата успеа да убие милиони луѓе низ Европа и светот. Тој сподели своја лична приказна од животот на неговите дедо и баба, кои што го преживеале тој ужас.

Господинот професор Милован Писари зборуваше за ужасите на геноцидот врз Ромите во Србија и на кој начин истиот бил спроведуан.

По излагањата на професорите следеа презентации од страна на преставниците на граѓанскиот секто кои во своите излагања дадоа акцент на сеќавањето како важен дел од европската историја и овозможувањето на Ромите да ги уживаат своите права како рамноправни граѓани во општеството.

Учесниците на конференцијата зедоа учество во заеднички комеморативен настан во Синагогата во Темишвар организиран со еврејската заедница на градот.

Следниот ден во просториите на Универзитетот, дел од тимот кои што го раководи проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” организираа и водеа работилници со студенти по историја и учесници од средните училишта на градот. При тоа, учесниците имаа можност да бидат дел од една работилница со генерални податоци и факти за Ромскиот геноцид и една работилница која што се фокусираше на специфична европска земја и геноцидот на Ромите во таа земја за време на Втората светска војна.

Вакви работилници ќе следат во сите партнерски земји кои што се дел од проектот. Следниот настан во рамките на проектот ќе биде организиран во Берлин во вид на обука на експерти и млади истражувачи на темата. За подетални информации и вести од настанот може да се потсети страната.