Младинската размена “Come to know us” е во полн ек …

Асоцијацијата Нево Парудимос од Решица, Романија заедно со 4 партнери од Грција, Италија, Македонија и Литванија, го имплементираат проектот финансиран од програмата Еразмус +.

Дополнителните информации за организациите се дадени подолу:

Nevo Parudimos – Романија (www.nevoparudimos.ro)
Youthphoria – Грција (https://sites.google.com/view/youthphoriagreece)
RROMA – Македонија (https://www.rromassn.org)
IFOA – Италија (www.ifoa.it)
Romu Integracijos namai – Литванија (http://www.romunamai.lt)

Проектот “Come to know us” се реализира помеѓу 1-12 јули 2018 година и собира 50 млади од 5 европски земји. Младите учесници во овој проект се на возраст помеѓу 16 и 25 години и  заедно ќе поминат 12 дена во Романија. Првиот дел од оваа младинска размена ќе се реализира во младинскиот камп Марабу во Милковени, Берлиште и последните 6 дена учесниците ќе престојуваат во Решица.

    

“Come to know us” е младинска размена во која што учествуваат 50 млади Роми и не-Роми од 5 европски земји кои кон крајот на размената ќе создадат разни активности во градот Решица, со цел да ги вклучуваат младите луѓе од заедницата и на локалното население им ја прикаже вистинската слика за луѓето кои што живеат во Моцијар.

Целта на размената, учесниците заеднички со локалните млади да се борат против предрасудите и стереотипите кои што локалното население на Решица ги има кон граѓаните на гетото Моцијар користејќи визуелни уметности.

Целите на овој проект се:

  • Креирање на безбеден простор за изразување на 50 млади учесници, каде што ќе можат да се изразат и да ги споделат сопствените искуства преку различни видови на уметност;
  • Подобрување на вештините на 50 млади учесници за адресирање на предрасуди и стереотипи кои што ќе им помогнат во борбата против дискриминацијата;
  • Зголемување на знаењето на 50 млади учесници за културата на Ромите од различните европски држави;
  • Учеснините да им ја покажат реалноста на локалното население од Решица за Моцијар;
  • Да се зголеми знаењето на 50 млади учесници за користење на визуелните уметности во борбата против предрасудите и стереотипите.