Повик за младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!” поддржан од Фондацијата EVZ.

Овој младински проект има за цел да ги зближи младите Роми и не-Роми кои што живеат во Македонија и Германија преку употребата на неформални алатки за учење на историјата на Ромите за време на Втората светска војна и нивното страдање. Младите учесници ќе имаат можност да научат повеќе за овој мрачен дел од историјата на Ромите и да ги разбираат механизмите и условите кои што доведоа до геноцидот на Ромите. Исто така, ќе имаат можност да креираат свои продукти и визии кон крајот на проектот кои што ќе бидат достапни на пошироката јавност.

Проектот се состои од две младински размени практична работа помеѓу размените. Младите учесници ќе добијат можност и да го посетат споменикот во Берлин, подигнат во чест на убиените Роми и Синти за време на Втората светска војна.

Првата младинска размена ќе се оддржи во Македонија од 26.10 до 01.11.2018.

Втората младинска размена ќе се оддржи во Германија во средина на март 2019 година.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со проектот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 октомври 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!