Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за обуката “Let it be 2 – shared wisdom” која што се оддржува од 3 до 13 септември 2018 година во Ромхани, близу Будимпешта (Унгарија). На обуката ќе учествуваат 23 учесници од 10 европски земји (Македонија, Унгарија, Бугарија, Чешка, Романија, Полска, Германија, Грција, Холандија и Италија).
Проектот има за цел да го зголеми квалитетот на младинската работа преку развој на капацитетите на активните обучувачи, фасилитатори, ментори активни во полето на работа со млади. Развојот на нивните капацитети ќе им овозможи на учесниците да спроведат подобри и поквалитетни младински проекти, да се справат со обемот и реализацијата на нивните проекти на поефикасен начин, придонесувајќи за општите цели на програмата Еразмус плус.
Исто така, проектот се фокусира на воведување и обезбедување на практиката на методот: супервизија на врснички групи. Овој метод служи за поддршка на секојдневната работа на професионалците, давајќи им алатка со која може да работа на тешки случаи, ситуации, односи на работното место, а со тоа и помагајќи им да спречат свое исипување од работата.
Хоризонталната цел на проектот е да се подигне свеста на професионалците активни во полето на неформалното образование за вклучување на активности за само-рефлексија и самоспознавање постојано (или барем одвреме-навреме) со цел пристапување до своите собрани искуства како младински работници.
Обуката е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
Профил на учесници
- младински работници, обучувачи, фасилитатори, ментори од 25 до 40 години активни во полето на работа со млади;
- заинтересирани за редефинирање на сопствените професионални профили; стекнување на нови вештини потребни за работа со млади од различни категории, посебно млади од маргинализирани групи;
- Да бидат активни и искусни во областа на работа со млади;
- Да комуницираат на англиски јазик, бидејќи програмата ќе вклучува дискусии и презентации.
Трошоците поврзани со обуката и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 24 јули 2018 година (вторник), 18:00 часот!
Ве очекуваме!
Ви благодариме за покажаниот интерес!