Пригодни активности ќе го одбележат 21 февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик

Коалицијата на Ромски невладини организации „Khetane“ со пригодни активности  ќе го одбележат 21 февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик.

Во рамки на одбележувањето на  21 февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик ќе се презентира  „Мојот прв буквар“ или на ромски јазик „Mo Avgo Lil Shabdakonca“  од авторката Севдиja Д. Абдулова во издание на „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница. Исто така ќе се дискутира како да го зачуваме ромскиот јазик.

Јазикот е културно наследство во кое што се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Мајчините јазици, исто како и јазичната разноликост, се исклучително важни за идентитетот на секоја индивидуа. Како извори на креативност и алатки за културно изразување, тие се подеднакво важни за здравјето на општествата. Јазиците се посебно важен развоен фактор и фактор за соработка. Знаеме колку е важно образованието на мајчин јазик за самите резултати при учењето. Учењето на мајчиниот јазик е моќна алатка во борбата против дискриминацијата и за подем на маргинализираните популации. Како неисцрпни врутоци на знаење, јазиците се воедно и појдовни точки за поголема трајност на развојот, за похармонично менаџирање на нашите односи со околината и со промената.

                “Мулти-јазичноста отвора прекрасни можности за дијалогот кој е неопходен за разбирање и соработка. Употребата на мајчиниот јазик коегзистира хармонично со придобивките од употребата на другите јазици. Мулти-јазичниот простор допушта да се приопштат богатствата на разноликоста и да се забрза размената на знаењата и искуствата.” – дел од заклучоците во 2010 – Меѓународната година на зближување на културите. Потпирајќи се врз мајчиниот јазик, учењето на другите јазиците мора да биде столб на образованието на 21-иот век.

Обединетите Нации ја прогласија 2008-та година како Меѓународна година на јазиците, поради парадоксалното сознание дека, и покрај тоа што јазикот е огледало на духот на народот, на духот на времето и на човечката цивилизација, сепак, „повеќе од половината 7.000 живи и говорени јазици во светот се наоѓаат во опасност да исчезнат…“. На 21 февруари 2008 год. во Македонија започнува свеченото одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на УНЕСКО. И во голема мера  се одбележува преку програмата на УНЕСКО и на партнерските организации на УНЕСКО.

Почитувани, Ромскиот  јазик е најреферентното обележје на ромскиот  народ. Да не дозволиме да се занемари ромскиот јазик, да не се занемари естетиката на ромскиот јазик и историја, меморија и современост.

Затоа, да апелираме до сите Роми, студенти, ученици, родители, баби, дедовци, наставници, политичари, писатели, преведувачи и интелектуалци во светот, да дадат свој, макар симболичен, придонес кон афирмацијата на ромскиот  јазилк, книжевност и култура – преку информации за јавните медиуми, пригодни свечености, преводни активности, дебати, книжевни вечери, фестивали, интернет информации и други промотивни активности.

Линк до соопштението: https://goo.gl/D5gyp4

Leave a Reply

Your email address will not be published.