Во периодот од 27.01 до 29.01 во Брисел се оддржа состанок во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија.
На состанокот учестуваа партнерите од Македонија, Романија, Германија, Унгарија, Србија, Грција, Албанија и Белгија. Се разговараше за крајните продукти од проектот и дисеминација на истите. Учесниците имаа можност да присуствуваат на настанот организиран во Европскиот парламент посветен на Холокаустот, со акцент на Синтите и Ромите како жртви од Втората светска војна.
Исто така, дел од партнерите учестуваа на состанокот со комесарката Елена Дали организиран од страна на партнерот ЕРГО, каде што зборуваа за важноста на признавање на геноцидот извршен врз Синтите и Ромите за време на Втората светска војна.
Проектот е поддржана од Europe for Citizens програмата на Европската комисија.
Повеќе информации за проектот може да се најдат на страницата: https://www.facebook.com/righttoremember/.