Почитувани,
Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Гоце Делчев бр 25.
1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за превоз на патници
1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот „New solutions to old problems“ со финансиска поддршка на финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grantи заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.
1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.
- Понуда
- Понуда за превоз на 10 патници на 8 и 9 октомври 2022 година.
- Понудата треба да содржи цена за превоз на 8 патници од Скопје и два патника од Штип до Кратово на 8 октомври 2022 и враќање на 8 патници од Кратово до Скопје и два патника до Штип на 9 октомври.
- За реализација на превозот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
- Понудената цена треба да е во денари.
- Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
- Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт
4.3 Карактеристики на понудата
4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси urmeta@rromassn.org и daniela@rromassn.org најдоцна до 06.10.2022 година до 16 часот.
Проектот ,,New solution to old problems” е финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant. Проектот ќе се реализира до Декември 2022 година.