Почитувани,

Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Гоце Делчев бр 25.

1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за хотелско сместување

1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот „New solutions to old problems“ со финансиска поддршка на финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grantи заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

  1. Понуда
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

  1. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните  адреси  urmeta@rromassn.org и  daniela@rromassn.org најдоцна до 30.08.2022 година до 16 часот.

Проектот ,,New solution to old problems” е финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant. Проектот ќе се реализира до Декември 2022 година.