Categories
Uncategorized Новости

ВИДЕО КАМПАЊА ПОСВЕТЕНА НА АНТИЦИНАНИЗМОТ

Во периодот од мај до јуни 2023, голем број на млади ентузијасти од Берово, Скопје, Кратово и Прилеп зедоа учество во кампања и детективска игра посветена на подигањето свест за антициганизмот.

Дел од нив учествуваа во деткективски игри во кои што истражуваа за историското потекло на антициганизмот особено ставајќи акцент на периодот од владеењето на австроунгарската владетелка Марија Терезија во 18ти век. Тие ги откриваа сокриентие декрети и траги кои ги водеа до целта, односно целосното откривање на вистината што се има случено на Ромите во тој период.

Останатиот дел од младите зедоа учество во спроведување на кампања насловена ,,Антициганизам?!”. Во соработка со локалните училишта и младински совети, кампањата беше успешно спроведена во Прилеп, Скопје (Шуто Оризари и Центар) и Кратово. Дел од кампањата беше од педагошки аспект, односно беа одржани предавања и дискусии во неколку училишта со цел да се разбере повеќе што претставува антициганизмот. На дискусиите што следуваа беше заклучено дека еден од водечките причини за анрициганизмот е недостатокот на точни информации, затоа младите решија да постават Ѕид на предрасудите, наведувајќи ги луѓето да го срушат односно да извадат ,,цигла” по ,,цигла” мотивирајќи ги случајните минувачи да ги срушат бариерите и предрасудите што ги носат во себе. Пораката на кампањата е ,,Истапи, кажи, делувај!” со надеж дека ќе ги поттикне да делуваат сите тие кои ќе се најдат во ситуација каде што има антциганизам.

Видеото од кампањата може да го погледнете тука!

Активностите спроведени во рамки на кампањата се дел од проектот ,,Roma Youth Bring Change” кој е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија. Партнери на проектот се: Аутономија и Детективити од Унгарија и ЕРГО мрежата од Белгија.