Categories
Uncategorized Новости

Детективи кои носат промени! Спроведени активности во рамки на проектот ,,Roma Youth Bring Change”

Во периодот од мај до јуни 2023 во четири општини на територијата на Северна Македонија: Кратово, Скопје, Прилеп и Берово во соработка со локалните средни и основни училишта се спроведоа четири детективски игри и кампања во форма на информативни сесии на кои беа опфатени повеќе од 160 млади луѓе.

Целта на активностите беа да се одаде значење на историјата и културата на Ромите како и да се подигне свеста за последиците од антициганизамот како форма на расизам. За остварување на оваа цел, 4 млади луѓе кои поминаа обука за креирање и реализирање на детективска игра како и 4 млади луѓе кои беа обучени за кампања, со помош на својата креативност успејаа да ги прошират видиците на дел од луѓето кои изразија желба и љубопитност да бидат дел од нашата активност.

Детективската игра водена од четирите млади фасилитатори имаше за цел да адресира дел од историското потекло на предрасудите и стереотипите спрема Ромите. Целта на детективската игра беше да се најде изгубениот декрет на австриската владетелка Марија Терезијас која за поголема економска ефикасност и социјална контрола во 1758, 1773 и 1783 година објави декрети со цел присилна асимилација на Ромите. Овие декрети им забранија на Ромите да поседуваат коњи и кочии и ги забраниле нивните традиционални занимања како музичари, трговци со коњи и ковачи и нивната номадска природа. Имињата им беа заменувани со нови германски имиња, а употребата на ромскиот јазик резултираше во физички казни. Сепак, најсуровата регулатива предвидуваше децата Роми да бидат одземени од нивните родители и да им се дадат на неромските семејства за да се ,, стекнат со подобро образование’’.

Детективите имаа задача да го најдат ,,случајно’’ изгубениот декрет издаден од Марија Терезијас кој што претходно престојувал во музеј. Тие беа водени од скриени писма, загатки, тајни кутии и мапи на повеќе тајни локации низ опфатените градови, при што мораа да се служат со своите инстинкти но и вештини за решавање загатки, логички задачи, визуелни предизвици, физичка подготвеност и уште многу видови на предизвици. Детективската игра заврши со тоа што младите успешно ги совладаа предвидените предизвици и го пронајдоа изгубениот декрет и на крајот тимски го проучија и им беше објаснета целта на оваа игра како и инспирацијата за истата од вистински историски настан.

Во рамки на истиот проект следуваше кампања во форма на информативни сесии на тема ,, Културата на Ромите и антициганизамот’’ каде што четирите младичи обучени за кампања направија ,,Ѕид на предрасудите’’ чија цел беше љубопитните минувачи да пријдат и цигла по цигла да го срушат, со секоја цигла откривајќи по еден факт за ромската историја, култура и антициганизмот. На минувачите исто така им беа доделени флаери со едукативни натписи за оваа форма на расизам и како може да делуваме да ја спречиме истата. Дел од информативните сесии беа спроведени и во средните и основни општински училишта во опфатените градови каде што присутните/учениците по пат на презентација и интерактивна дискусија дознаа повеќе за оваа тема а исто така на крајот имаа и можност преку квиз да си ги тестираат стекнатите знаења.

Овој проект е во соработка со Autonomia, Detectivity и ERGO Network, а е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.