Заврши младинската размена Act Intercultural 2

Во младинскиот камп Марабу од 12 до 20 септември се оддржа една многу интересна младинска размена под наслов Act Intercultural 2. Учество зедоа 49 млади од 7 Европски земји (Македонија, Романија, Унгарија, Бугарија, Италија, Холандија и Република Чешка).
За време на размената беа користени повеќе алатки и преку неформалното образование од областа на ПР техниките, јавниот говор, Карл Попер дебата се стекнаа основните вештини потребни при процесот на лобирање и вработување. Најголемиот акцент на оваа младинска размена беше ставен врз интервјуто при вработување каде преку симулација и принципот “ sharing and learning”  со локалните млади од селото Милковени, младите учесници имаа можност да симулираат вистински процес на интервју за работа. Меѓу другото,  учесниците исто така дознаа повеќе за програмата Еразмус плус, театар во сенка и формати на младински конференции.
 
Едно многу убаво и интересно искуство!