Волонтери од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација беа дел од младинската размена „My Next Job“ која се одржа од 19.06.2024 до 29.06.2024 во Бребу, Романија.
Овој проект беше насочен кон млади луѓе од 8 различни земји, кои требаше да откријат и да искусат специфични аспекти на кариерно насочување и советување со цел да ги идентификуваат образовните и професионалните патеки што треба да ги следат. Оваа активност вклучуваше млади луѓе на кои им беше потребна помош за пристап до онлајн информации специфични за апликациите за работа со цел да присуствуваат на интервју за работа и да изготват документација за вработување.

Целта на овој проект беше да се обезбеди можност за младите луѓе од обесправени средини да стекнат информации и да искусат нови вештини специфични за кариерно насочување и советување, како и пристап до информации на интернет за да се подготват за интервјуа за работа и документација за апликации за работа.
Еден од учесниците на проектот, изрази свое сведоштво за искуството:
„ Проект на Еразмус+ ,,My Next Job” – животно искуствo
Во периодот од 19-29 јуни 2024 година, имавме можност да учествуваме на проект на Еразмус+ кој се одржа во Бребу, Романија. Проектот беше насловен „My Next Job“ и сите учесници и организатори стекнаа обемно знаење и искуство. Преку обуките и работилниците ги проширивме нашите хоризонти, научивме нови практики и стекнавме искуства кои ќе ни бидат значајни во процесот на избор на нашата следна работа, како и во процесот на вработување. Го разбиравме значењето на зборот ‘СОН’ и како секоја наизглед невозможна работа може да биде возможна. За време на овие десет дена, се запознавме со луѓе од цела Европа, стекнавме пријатели, работевме и живеевме заедно. Доживеавме настани кои ќе ги паметиме засекогаш! Благодарни сме за можноста да бидеме тука и да ја претставуваме нашата земја. Им благодариме на локалната агенција – невладина РРОМА, Националните агенции на Еразмус+ и на фасилитаторите на овој проект што веруваа во нас. И ги охрабруваме сите млади луѓе кои сакаат да аплицираат за вакви проекти. Направете го тоа! Еразмус+ е за оние кои сакаат да научат, да ги прошират своите хоризонти и да стекнат животно искуство. Тоа е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за себе!“ – ти благодариме !
Овој проект е поддржан од Еразмус+
