Од 11-ти до 18-ти јули 2016 година, РРОМА беше домаќин на меѓународната обука со наслов „Младинско зајакнување, акција и партиципација!“ – Youth empowerment, action and participation! во соработка со Амаро Форо од Берлин.
На обуката учество зедоа 30-тина млади од Македонија, Италија, Чешка, Бугарија, Литванија, Летонија, Австрија, Германија и Турција. Учесниците имаа можност да научат за младинско учество, застапување и водење на кампањи. Исто така, низ симулации и игри научија за човековите права и одговорноста која што произлегуваа со имањето на истите.
Кон крајот, истите имаа можност да креираат свои акциони планови кој што ќе може да ги имплементираат во своите локални заедници после обуката.
Исто така, учесниците го посетија НМСМ каде што дискутираа за учеството на младите во Македонија, разменувајќи свои мислења и ставови.
Обуката се реализираше во рамките на програма на Европската Унија, Ерасмус плус и националната агенција на Германија.