Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши тренинг курсот ”I Have A Dream – Empowering Change Cross Borders Through HRE”

Волонтери од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација беа дел од тренинг курсот “I Have A Dream – Empowering Change Cross Borders Through HRE” кој што се одржи  од 21.05.2024 мај до 28.05.2024 мај во Берлин, Германија.

Поради недостаток на свест и активен ангажман на младите лидери, особено меѓу маргинализираните групи како што се младите Роми, во промовирањето на демократските вредности и човековите права, беше реализиран овој тренинг курс. Проектот имаше за цел да ги искористи методите на неформално образование за да ги поттикне присутните учесници да ги едуцираат своите врсници за клучни теми како што се демократијата, човековите права, пристапот до информации од јавен карактер, гласачките права, слободата на избор и важноста на граѓанското учество. Проектот се фокусираше на поттикнување креативно и политичко вклучување кај младите, со цел да се негува чувство на сопственост и одговорност за демократските процеси.

Цели на проектот беа:

  1. Зголемување на знаењето на младите луѓе во областа на човековите права и образованието за човекови права, вклучувајќи практично знаење за активности и методи кои промовираат вклучување и учество на младите со помалку можности
  2. Олеснување на размената на информации за конкретни ситуации со човековите права во осум европски земји, поттикнувајќи подлабоко разбирање меѓу учесниците и промовирајќи заеднички напори за решавање на овие прашања
  3. Да се зајакне соработката и да се зајакнат односите меѓу 32 млади Роми и нероми, како и осум младински и про-младински организации, за промовирање на меѓукултурниот дијалог, човековите права, зајакнувањето на младите, демократијата и активното граѓанство.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.