Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.
Нашите членови организираат и спроведуваат активности, водат кампањи и целосно се посветени на охрабрувањето на позитивни вредности кај младите Роми и не-Роми. Ние инвестираме во нашите млади преку обуки за градење на нивните капацитети и очекуваме добиеното знаење да го трансферираат помеѓу младите од нивните заедници. Веруваме во младите, а тие се мотивирани и сигурни во извршувањето на пренесените одговорности. Нашата организација е поддржана од основното (grassroots) ниво и ние сме горди на тоа!
Во минатото, организацијата стана првата Ромска младинска организација назначена од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за контакт-точка за промовирање на програмата Млади во Акција помеѓу младите Роми во Македонија. Исто така, организацијата ја доби наградата MTV Staying Alive Award во 2010 за својата креативна кампања за подигање на свеста од опасностите од ХИВ/СИДА помеѓу младите, станувајќи првата македонска организација во светот која ја доби наградата. Во март 2017 година, РРОМА го добива второто место во рамките на второто издание на EU Roma Integration Award for Western Balkans and Turkey организиран од Европската комисија.
Главни цели/активности на организацијата:
-
- Поддршка на младите Роми во рамките на формалното образование преку давање на информации и можности за добивање на стипендии, обуки, волонтирање, практиканство итн.;
- Развивање на чувството за само-вклучување и активно граѓанство кај младите Роми преку не-формално образование;
- Соработка со локалните самоуправи, владини институции и НВО-и во/за креирањето на младински политики, програми и проекти;
Промовирање на позитвни вредности во општеството:
-
-
- Живеење во хармонија со природата
- Врсничка едукација
- Социјална инклузија
- Тимска работа
- Мултикултурализам
- Креативност
- Застапување
- Транспарентност
- Почитување на човековите права
-
- Иницирање и спроведување на младински политики, проекти и програми на локално, национално и интернационално ниво;
- Подигнување на свеста од опасностите на ХИВ/СИДА помеѓу младите;
- Предавање/учење и подигнување на свеста за човековите права;
- Личен развој на младите, размена на искуства, вклучување на младите во имплементација на активностите на РРОМА.
Мрежи:
РРОМА е дел од повеќе национални и интернационални мрежи. Се јавува како член на ternYpe – International Roma Youth Network; член на јадрото и партнер на European Roma Grassroots Organization (ERGO); основач и член на Националниот Младински Совет на Македонија; член на Y-PEER Македонија.
Организацијата, исто така има потпишано меморандуми за соработка со 12 општини од Република Македонија. РРОМА редовно спроведува и организира активности во рамките на Erasmus plus програмата на Европската комисија, при тоа градејќи партнерства низ Европа и пошироко.
Извршен тим:
Извршниот тим на РРОМА се состои од:
- Извршен директор – mustafa@rromassn.org
- Финансов менаџер – daniela@rromassn.org
- Програм координатор – urmeta@rromassn.org
- Младински координатор – emilija@rromassn.org
-
Ервин Асановски – претседател, независен експерт за мониторинг и евалуација, ISO стандардизации
-
Димитриј Михајловски – заменик-претседател, графички дизајнер, основач на Токсик комикс
-
Сунаи Сабриоски – надворешен член, новинар
-
Јасмина Давитковска – надворешен член, правник
-
Урмета Арифовска – член на тим