КОНКУРС за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:

К О Н К У Р С

за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации за зајакнување на улогата на Ромското граѓанско општество во РМ за 2016 година

Краен рок за поднесување на апликации:

15 август 2016 година

Општа цел на повикот е преку малите грантови за да подигне капацитетот на (про) Ромските граѓански организации кои што работат на подобрување на статусот на Ромите во РМ.

Специфичната цел на повикот е давање на финансиска поддршка на (про) Ромските граѓански организации за подигнување на нивните капацитети и зајакнување на нивните позиции на локално и национално ниво, како и влијание врз политиките кои што ги таргетираат Ромите како целна група. Предност за конкурсот ќе имаат организациите кои што се дел од формираната коалиција во рамките на проектот.

Приоритетни области за поддршка во рамките на конкурсот:

 О1 – Политики и стратегии за решавање на проблематиката со домувањето кај Ромската заедница во РМ;

О2 – Образовниот статус кај Ромското население во РМ во 2016-та година;

О3 – Пристапот на Ромското население во РМ до здравствени услуги;

О4 – Правичната застапеност и активни мерки за вработување на Ромското население во РМ;

О5 – Говорот на омраза и сликата за Ромската заедница во македонските медиуми.

Фонд за финансирање

Вкупниот фонд за финансирање на проекти во рамките на конкурсот за 2016 изнесува 461.250 денари (7.500 евра)

Големина на грант

Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти на (про) Ромски граѓански организации во максимален износ од 1.500 евра

Апликантите во рамки на конкурсот треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар на РМ[1]
  • Да се регистрирани како здруженија или фондации според законот за здруженија и фондации
  • Да имаат искуство во приоритетната област за која што аплицираат
  • Да бидат одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност

* Апликантот може да учествува самостојно или во партнерство со една или повеќе организации.

* Апликантот има право да учествува со само еден предлог-проект.

* Апликантот не смее да биде партнер во друг предлог-проект.

* Апликантот може да добие само еден грант од конкурсот за финансирање.

[1] Апликантите треба да достават доказ за регистрација (копија од тековна состојба или решени за регистрација)

Генерални правила

  • Проектната активност треба да биде од локален карактер.
  • Локалните институции каде проектната активност ќе биде имплементирана мора да бидат активно вклучени.

Времетраење

Краткорочни локални проектни активности во времетраење од 1 до 3 месеци ќе бидат предмет на финансирање.

Локација

Проектната активност треба да биде реализирана во регионот каде организацијата е регистрирана и работи.

Типови на активности

Со цел да бидат погодни за финансирање, предлог-проектите треба да отпаднат во една од приоритетните области на конкурсот.

Листата на активности е индикативна и се однесува за сите 5 приоритетни области:

  • – Истражувања и анализи (потреби, перцепции, мерки за мерење на ефикасност и др.);
  • – Мониторинг активности (изнаоѓање на факти, реални состојби, анализа на локалните мерки/политики за инклузија на Ромите и др.);
  • – Активности за застапување (настани, дебати, тркалезни маси со локални институции, градење на стратешки партнерства со локалните институции и др.);
  • – Обуки и градење на капацитети на локалното Ромско население и локални Ромски НВО-и;
  • – Изработка на локални стратегии, брошури, прирачници, веб-страни за споделување на добри практики и информации и др.

Само трошоци кои што се поврзани со имплементацијата на проектната активност ќе бидат одобрени. Категориите на трошоци мора да бидат објаснети детално во буџетот на проектот (ДФ1).

Следнивер категории на трошоци се прифатливи:

  • Бруто плати (макс.20% од вкупната вредност на проектот)
  • Хонорари за надворешна експертиза
  • Трошоци за транспорт и ноќевања
  • Трошоци за организирање на настани (изнајмување на сала, опрема, кетеринг итн.)
  • Трошоци за изработка на веб-решенија
  • Трошоци за промоција (изработка и печатење на брошури)

Сите организации кои имаат намера да аплицираат на конкурсот за финансирање треба да го потполнат формуларот за предлог-проект (ДА1), заедно со буџетот на проектот (ДФ1).

Формуларот се потполнува на македонски јазик.

Формуларот за предлог проекти (ДА1), заедно со буџетот на проектот (ДФ1) треба да се испратат како два посебни документи на grants@rromassn.org со назнака „Мали грантови 2016“.

Краен рок за испраќање на апликацијата е 15-ти август 2016 година, 23.59 часот! Апликациите испратени по предвидениот рок нема да се земат во предвид!

За повеќе информации може да се симне конкурсот

Формуларите можат да се симнат од следнивер линкови:

ДА1

ДФ1

Нацрт-договор

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Проектот е финансиран од Европската Унија