Мисија и Визија

Мисија:
РРОМА како информативно-едукативен центар за поддршка на младите од Република Македонија работи на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, и на промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на младински политики.

Визија:
Младите Роми се промотори на позитивни вредности и клучни актери во креирање и имплементирање на јавни политки, кои што адресираат мултиетнички прашања.

Мотивација:
РРОМА како Ромска младинска организација е мотивирана да работи со младите Роми преку не-формално образование, со цел да им овозможи повеќе можности за вклучување, надоградување и јакнење на нивните капацитети. Младите да ја промовираат својата култура и идентитет, мултикултурата и активното граѓанство како лидери на своите заедници. Веруваме во младите, веруваме во нивните капацитети за откривање на вистинските потреби и проблеми, веруваме дека тие можат да донесат вистинска промена во своите заедници! Веруваме во младите … сега, денес, утре, секогаш!