Промовирање на инклузија и вработување преку уметноста беше младинската размена организирана во Романија, Комуната Догнечеа одржана од 1-ви до 10-ти септември 2021 година. Во проектот имаше учесници од различни делови на Европа.
Целта на програмата беше учење за бегалците и ситуацијата на мигрантите во Европа на неформален начин. Во период од 8 дена учесниците организираа сесии со цел да се постигнат целите на проектот.
Најзначајна посета во текот на младинската размена е посетата на невладината организација LOGS од Темишвар помагајќи директно на бегалците и барателите на азил. Таму учесниците дознаа за ужасната ситуација на бегалците,како бегале од војните и како бездомништвото е нивната главна борба со оглед на недостиг на финансиска подршка од Владата.
Друг важен аспект на овој проект беше јавниот настан организиран во Културниот дом во Догнечеа.Учесниците на сцената ги поставија тетатарски форумски претстави.Целта на овие претстави беше да се подигне свеста за темата на проектот.Театарската претстава имаше наслов ‘Purple People’ што е метафора за бегалците.Заплетот се вртеше околу вонземјаните кои пристигнуваат во Романија,и населението успеа да ги прифати и да се поврзат со нив. На крајот гледачите од јавноста лично се ангажираа и беа културно едуцирани за некои традиции за некои земјите вклучени во програмата.
Локалните жители поминувајќи време заедно со учесниците ја зголемија културната димензија на овој меѓународен проект.
Овој проект е финасиран од Ерасмус + на Европската комисија.