Одржана дигитална конференција “Адресирање на говорот на омраза на Ромската заедница во онлајн сферата на општествено живеење”

 

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација на 10 декември 2020, денот на човековите права, организираше Дигитална конференција на тема Адресирање на говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата на општественото живеење.

                                                   

На дигиталната конференција свое воведно обраќање имаше г-динот Аркин Јахији, шеф на Кабинетот на Заменик Министерот за правда.

Конференцијата беше организирана во два панели.

На првиот панел говорници беа г-ѓа Ѓултен Мустафова од Министерството за труд и социјална политика, г-ца Марија Андреева од Советот на Европа, г-ѓа Марина Тунева од Советот на етика во медиумите и г-дин Мустафа Јакупов извршен директор на РРОМА модериран од Урмета Арифовска (РРОМА).

                                    

 

На вториот панел говорници беа г-а Марија Сулејманова од Институтот Ромалитико, г-дин Срѓан Амет од Здружението на правници Роми, г-а Ирена Здравковска од Здружението Млади правници и г-а Славица Атанасовска од Хелшинскиот Комитет, модериран од Мухамед Ајваз (Ромалитико).

                                                  

На дигиталната конференција се дискутираше за говорот на омраза од различни аспекти и како истиот е адресиран и треба да биде адресиран од различни засегнати страни. Дискусијата на темата говорот на омраза се разви во дискусија за генералната поставеност на заштитата од говор на омраза пришто таквата дискусија даде насока за специфично дискутирање на говорот на омраза кон ромската заедница.

                                        

Заклучоците од дискусијата наведоа на тоа дека институциите треба да обрнат поголемо внимание на говорот на омраза на интернет и истите тие треба да остварат поголема соработка со невладиниот сектор за развивање на соодветни политики и одредби кои ќе обезбедат подобра заштита од говорот на омраза.

Дигиталната конференција беше стримувана на социјалната мрежа facebook:

https://www.facebook.com/rromassn.org/videos/387320299168322