РРОМА, денес (20,09,2023 год.) заедно со коалициските организации КХЕТАНЕ, во рамките на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка, одржа информативна донаторска средба, на која се разговараше за придобивките и предизвиците на заедницата, ромските организации и донаторите.
На информативната средба приутни беа донаторите: г-а Марта Фидалго Гарсија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување за Западен Балкан во Европската комисија, г-дин Нафи Сарачини од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-дин Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите при Кабинетот на премиерот, г-а Зерина Рамиќевиќ од УНДП, г-а Сузана Камчевска од Министерство за транспорт и врски.
Како еден од главните заклучоци од дискусијата беше дека е потребно да се продолжи со координиран и синхронизиран пристап на сите засегнати страни во спроведување на проекти и активностите за ромска инклузија.
The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation