Categories
Uncategorized Новости

Одржан национален панел настан во рамките на проектот “LOOSE ENDS”

Во рамките на проектот “Loose Ends” во кој РРОМА е партнер на 08.10.2022 година на онлајн зоом платформата се одржа национална панел настан на кој поканивме на дискусија експерти на оваа тема, модерирана од г-ца Урмета Арифовска.

За време на средбата г-дин Мухамед Ајваз – Истражувач, службеник за застапување од Ромалитико, ни го презентираше претходно направената анализа и истражување  на состојбата на учениците Роми вклучени во специјалните училишта (ресурсни центри) во Република Северна Македонија.

Г- дин Ерол Адемов – Референт за прашања на Ромите и малцинствата – експерт за човекови права и консултант, дискутираше на тема каква е социјалната политика насочена на лицата со попреченост – (каква социјална заштита им се пружа на лицата со попреченост а г-дин Ален Умер – наставник по предметот „Јазик и култура на Ромите“ и г-ца Емилија Пановска – Младински работник, дискутираа на тема поврзана во областа на образованието т. е колку младите Роми и не -Роми во Р. С Македонија се сензитивни и обучени да работат со лица со попреченост.

Проектот Loose Ends има за цел да ги анализира животите на младите Роми и обесправените млади кои посетувале специјални училишта поради нивниот различен развој, под влијание на лошите услови за живеење. Проектот е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија, а го спроведува Здружението Co-Efficient – Унгарија, заедно со Здружението Нево Парадимос и Здружението РОМА од Македонија.