Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ОБУКАТА ,,COURAGE TO CHANGE”

Претставници на РРОМА зедоа учество во обуката одржана од 1ви до 9ти јули во Милковени, Романија со наслов ,,Courage to change – 9 steps guide to working with Roma youngsters” .

На обуката предводена од сертифицирани и искусни фасилитатори им беа споделени, на присутните младински работници, методи и добри практики кои се засноваат на водичот од 9 чекори за работење со млади Роми.

Учесниците имаа можност да креираат своја скица за реализирање на свој проект како и да смислат активности за дел од работилниците и подлабоко да го разработат својот проектен план. Вториот дел од овој проект ќе се одржи следната година во Турција, а до тогаш присутните учесници треба да поминат низ неколку од чекорите на водичот и да реализираат свои работилници

Овој проект е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија.