На 10.06.2022 на ЗООМ платформата се одржа онлајн состанок во рамките на проектот European Youth Community Radio.
Проектот ќе вклучува 8 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Македонија, Германија, Португалија, Шпанија.
На средбата се дискутираше за имплементацијата и развојот на проектот на локално ниво како и за активностите во Леон вклучувајќи ја програмата, потребите на партнер организациите и нивните очекувања.
Целите на проектот се:
- Да се создаде европска мрежа на младински организации со цел да се олесни лансирање на радио на младинска заедница како едукативна алатка која поттикнува активно учество и им дава глас на младите, особено младите со помалку можности.
- Да генерира дебата и размислување за да се анализира состојбата на локалната и Европската заедница околу целите на европската младина и околу „Без говор на омраза“ и да размислуваат за иднината и за влијанието на здравствената криза со Ковид19, обидувајќи се да создадеме поинклузивен, кохезивен и одржлив модел на живот во европското општество.