Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНО ЕСЕНСКОТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација присуствуваше на есенското генрално собрание организирано од страна на Националниот Младински Совет одржано на 2 и 3 декември 2022 во Скопје.

На Собранието, младинските организации имаа можност заедно, преку конструктивнa дискусиja, да нoсат одлуки кои ќе водат кон подобрување на животот на младите. Главни точки на дискусија беа годишната програма за работа на Националниот Младински Совет која што ја анализиравме и дадовме свои препораки. Исто така мрежата беше проширена со нови младински организации. Одвоивме простор да разговараме за предлози за новиот Закон за ученички и студентски стандард и да развиеме дебата во врска со истиот. На самиот крај работевме на предлог-измени на Статутот на Националниот Младински Совет.