Categories
Конкурси Новости

Повик за ментори во рамките на проектот „DIGITALIZE – tools for Roma adults to use internet and promote education”

РРОМА објавува повик за Ментори во рамките на проектот „DIGITALIZE – tools for Roma adults to use internet and promote education”, координиран од партнер организацијата Amaro Foro – Германија, во партнерство со партнер организациите  Nevo Parudimos – Романија и Association Co-Efficient – Унгарија.

Повеќето од возрасните луѓе кои користат интернет во секојдневниот живот имаат многу малку знаења за безбедноста на интернет, за малтретирањето, онлјан говорна омраза, за онлајн пристапот до услугите, за безбедно користење на социјалните медиуми и каналите за комуникација и за GDPR.

Бидејќи се луѓе кои користат интернет само повремено во повеќето случаи за комуникација и забава, возрасните Роми не ја разбираат вистинската корисност на интернетот и не знаат како да го користат за нивна корист и за доброто на своето семејство или заедница.

Со оглед на фактичката ситуација со Корона вирусот кога јавните услуги: социјални услуги, здравствени услуги, образование и многу други се префрлени на интернет, возрасните Роми немаат пристап до ниту едно од нив или пристапот е многу мал. Сите активности кои бараат користење на интернет на понапреден начин водат до исклучување на возрасните Роми затоа што немаат знаење и способности да го научат ова. Една од главните причини е затоа што голем процент од возрасните Роми се неписмени.

Со нашиот проект имаме за цел да го зголемиме пристапот на возрасните Роми до јавните услуги преку развивање алатка која ќе им овозможи полесно да научат како да користат интернет.

Со цел да се засилат менторите кои ќе бидат задолжени за менторската и поддршка на 20-те возрасни вклучени од секоја од 4-те земји: Романија, Германија, Македонија и Унгарија, претходно ќе се организира 3-дневна обука.

Улогата на менторите ќе биде да им понудат поддршка на возрасните Роми и да ги соберат препораките/предлозите од нив за подобрување на новите алатки.

На повикот може  да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 35 години
  • Да имаат познавање од областа на компјутерски вештини
  • Искуство со работа на маргинализирани и ранливи групи на граѓани
  • Познавање на работа со граѓанско општество
  • Принципи на навременост, одговорност и проактивност
  • Изградени способности за тимска работа и комуникација

Заинтересираните учесници може да се прјават пополнувајќи ја апликацијата најдоцна до 05 Март 2022 година, најдоцна до 18:00 часот