Повик за младинската размена “The World from different perspective”, Турција 2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за младинската размена “The World from different perspective” која што се оддржува од 17 до 24 октомври 2017 година во Ајдин, Турција.
 
Станува збор за младинска размена поддржана од страна на Еразмус плус програмата со учесници од Украина, Бугарија, Романија, Грција, Летонија, Македонија и Турција. Размената го истражува аутизмот, поточно групата на Autism Spectrum Disorder, какво влијание има врз личноста во полето на социјализацијата, и како да се надминат бариерите и негативните перцепции поврзани со темата. Учесниците ќе поминат низ еден креативен процес на изработка на видеа, симулации и активности со цел да имаат заедничко мултикултурно учење.

Профил на учесници

  • млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години ученици и студенти, волонтери, младински работници, млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET – Not in education, employment or training);
  • предност при селекцијата ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство, но тоа не значи дека квалитетот на апликацијата нема да се земе во предвид при селекцијата;
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
  • да комуницираат на англиски, турски или Ромски/македонски јазик!
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Турција!
Трошоци:
  • трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
  • трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!

Датум на оддржување: 17 до 24 октомври 2017 година во Ајдин, Турција!

Пријавување:

Можете да се пријавите како учесник/чка со потполнување на апликацијата дадена подолу. Краениот рок за потполнување на апликацијата е 5 септември 2017 година, 18.00 часот!


Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!