Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Educating active citizenship through Simulation Games” која ќе се одржи од 18 – 27 октомври во Берлин, Германија.
Целите на проектот се:
- На Млади активисти од 7 земји ( Северна Македонија, Романија, Италија, Германија, Бугарија, Србија и Унгарија) да се обезбеди алатки за вклучување на младите во активно учество во локалните заедници;
- Да се зголеми знаењето на младински работници и младински лидери за да се поттикне потенцијалот на младите луѓе во активно учество на локално ниво и да влијаат на локалната реалност;
- Воведување и практикување на метод за играње улоги и игри со симулација (структура, спецификации, како и кога го користиме, како го прилагодуваме овој метод за одредени потреби, како ги креираме игрите);
- Да се научат младински работници и младински лидери како да го користат овој метод за да ги научат младите да бидат поактивни граѓани на локално ниво;
- Да им се понуди можност на младинските работници и младинските лидери да создадат нови игри за играње улоги и симулациони активности базирани на сопствената реалност, кои во иднина ќе се користат од невладините партнери за да ги научат младите да бидат активни граѓани и да влијаат врз процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Она што ние сакаме да го адресираме во рамките на овој проект за нас и за нашите партнери е потребата од нови методи во кои ќе биде поинтересно за младите луѓе да учествуваат, особено кога станува збор за млади од малцински групи, маргинализирани заедници или од лишена урбана област.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
- лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
- Вакцинирани
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 10 Октомври 2021 година (недела), најдоцна до 18:00 часот!