ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА „Mingle and Exploring Human Rights in Europe!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена  „Mingle and Exploring Human Rights in Europe!” која ќе се одржи од 20 – 27 септември во Берлин, Германија.

Младинската размена има за цел да ги ангажира младите лидери/ки, особено маргинализираната младина во промоција на вредностите на човековите права, истовремено преку употребата на неформалното образование да ги обучи да ги промовираат истите помеѓу нивните врсници. Размената се фокусира на креативноста кај младите учесници. Така што, учесниците ќе имаат можност да работат во група за театар и креирање на стрипови. Проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на учесниците за темите на човекови права, демократија и дискриминација, со акцент на антициганизмот, туку ќе ги направи свесни за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и Европа во целост.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  05 Септември 2021 година (четврток), најдоцна до 18:00 часот!