Повик за младинска размена “Tolerance and Harmony Through Film and Photography”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена  “Tolerance and Harmony Through Film and Photography” која ќе се одржи од 22 до 31 август во Бребу, Романија.

Целта на овој проект е  42-те млади  луѓе од Северна Македонија, Романија, Грција, Литванија, Турција и Шпанија да ги обучи  со вештини и компетенции за намалување на малтретирањето и дискриминацијата, преку јавни настани што ги промовираат културните вредности на заедницата преку филм и фотографија.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади од 18 – 24 години (лидерот на групата над 30 год.)
  • Студенти, Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  13 Август 2021 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!