Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Young Agents of Change: Participation and Democracy“ која што ќе се одржи од 01.10.2024 октомври до 07.10.2024 октомври( 1ви и 7ми октомври се денови за патување) во Бриндиси ди Монтања, Италија.
Проектот „Young Agents of Change: Participation and Democracy“ има за цел да ги зајакне младите преку обезбедување на знаења, вештини и алатки неопходни за иницирање и одржување на позитивни промени во нивните заедници. Проектот ќе се фокусира на подобрување на лидерските способности на учесниците, поттикнување чувство на одговорност и опремување со ресурси за решавање на итни социјални прашања.
Цели на проектот:
- Зајакнување на младите: Да се подобрат лидерските вештини на младите учесници, овозможувајќи им да преземат иницијатива и да водат промени во нивните заедници.
- Ангажирање на заедницата: Да се поттикнат учесниците активно да се вклучат во нивните заедници преку идентификување на клучните социјални прашања и развивање иновативни решенија за нивно решавање.
- Одржливо влијание: Да се осигури дека учесниците создаваат долготрајни и одржливи промени обезбедувајќи им ги потребните алатки, ресурси и мрежи за да продолжат со нивната работа по времетраењето на проектот.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 17 до 23 години (можни се исклучоци, лидер 18+)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
- организации
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
- Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 10ти септември 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!
https://forms.gle/Tyxg7qNqp427aLb36
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)