Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за учесници: „Амбасадори на промени – Школа за човекови права“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) упатува повик до сите млади луѓе од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Берово на возраст од 16 до 23 години да се пријават за учество во новиот проект „Амбасадори на промени – Школа за човекови права“.

Овој иновативен и едукативен процес има за цел да создаде генерација на млади лидери кои ќе станат локални амбасадори за човекови права, ќе се стекнат со знаења, вештини и мотивација да се залагаат за еднаквост, правда и активно граѓанство во своите заедници.

Што вклучува проектот?

Проектот се одвива во неколку фази:

Инфо денови – Информативни сесии во секоја од целните општини каде младите ќе се запознаат со концептот и можностите како амбасадори за човекови права.

Обука за човекови права – Еднонеделна интерактивна обука базирана на неформални методи (вклучително и Compass и Mirrors), каде учесниците ќе стекнат вештини за застапување, граѓанско учество и заштита на човековите права.

Локални акции – По обуката, младите ќе реализираат локални активности (работилници, кампањи или презентации) во своите заедници со цел подигање на јавната свест и ангажирање на други млади.

Создавање поткасти – Секоја локална група ќе има можност да создаде поткаст во кој ќе го споделат своето искуство и ќе ги мотивираат своите врсници

Завршен настан во Кратово – Презентација на резултатите, доделување на сертификати и градење дијалог со локални институции.

Кој може да аплицира?

Право на учество имаат млади:

  • На возраст од 16 до 23 години
  • Од една од следните општини: Куманово, Кратово, Крива Паланка и Берово
  • Со интерес и подготвеност за учење, граѓански ангажман и соработка со врсници
  • Без разлика на етничка припадност, пол, социјален или образовен статус

Покриени трошоци:

Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите, вклучувајќи:​

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена​

Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Пријавување

АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА!
Краен рок за пријавување: 30.05.2025 до 18ч.

ПАКЕТ СО ИНФОРМАЦИИ!

Бидете дел од мрежа на млади лидери кои ја градат иднината!

Вашиот глас е моќен. Искористете го за доброто на заедницата.