Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници за проектот „Good practices of Roma Youth Empowerment for Active Citizenship“ кој што е поддржан од програмата Еразмус плус на Европската комисија.
Ова билатерално партнерство со Амаро Форо од Берлин има за цел да го зголеми учеството на младите Роми во европските образовни програми и мобилности, како и во неформалното образование. Проектот ќе им овозможи на учесниците да научат, споделат и разменат искуства од областа на неформалното образование, но и да зајакнат како активни граѓани во борбата против расизмот, ксенофобијата и антициганизмот во модерните општества.
Проектот се состои од повеќе активности, меѓу кои мобилности помеѓу РРОМА и Амаро Форо во Македонија и Германија, локални активности водени и организирани од самите млади итн.
Мобилностите се одвиваат во:
- 6 – 12 март 2017 година во Кратово, Македонија
- Јуни 2017 година во Берлин, Германија
Формирање младински групи, планови и активности:
– Од март до август 2017 година.
Профил на учесници:
– млади Роми и не-Роми средношколци и студенти од 16 до 26 години,
– млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET – Not in education, employment or training);
– предност ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
– да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
– да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
– да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање! Не ја исклучуваме можноста на меѓусебно помагање и преведување!
– да се слободни и достапни за двете мобилности во Македонија и Германија;
– да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Германија!
Трошоци:
– трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
– трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 28 февруари 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!