Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници на овогодишниот настан за комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, кој што ќе се оддржи во Краков, Полска со посети на музејот “Аушвиц”. Истиот се оддржува од 29 јули до 4 август 2017 година.
Концептот за 2017 предвидува едукативен настан за младите учесници од 15 европски земји, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”.
Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во мешани работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.
Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.
Подготовки
Селектираните учесници од Македонија ќе поминат низ процес на подготвителни активности во вид на еднодневни работилници* и истражувачка работа. Присуството на подготовките е задолжително за сите селектирани учесници!
*Работилниците ќе оддржуваат кон крајот на јуни и почетокот на јули.
Профил на учесници
- Млади на возраст од 18 до 25 години;
- Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
- Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
- Да бидат подготвени стекнатото знаење од едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
- Да присуствуваат на подготвителните активности организирани од страна на РРОМА;
- Работен јазик на едукативниот настан е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
- Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!
Трошоци
Трошоците за меѓународното патување, храна и сместување за настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.*
* Се мисли на национални патни трошоци на пр. место за поаѓање Куманово. Учесниците ќе треба да си го покријат патот до Куманово и назад.
Трошоците за подготвителните активности (храна и патување) се покриени од страна на РРОМА. Еднодневните работилници ќе се оддржуваат во Хотел Кратис, Кратово.
Патување до Полска и назад
Патувањето до Полска и назад ќе биде организиран превоз со автобус.
Сместување во Полска
Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.
Пријавување
Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учество, најдоцна до 15 мај 2017 година, 16:00 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид!
За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org
Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!
Ви благодариме за покажаниот интерес! |