Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на проектот „Young Roma Girls for Change” кој ќе се одпжи од 29.04 – 04.05.26 во Чепеларе, Бугарија.

📝 Опис на активностите:

Проектот “Young Roma Girls for Change” има за цел да ги зајакне младите Ромки преку развој на лидерски вештини, активно учество и застапување во граѓанскиот сектор. Преку соработка меѓу Северна Македонија, Германија и Бугарија, се создава мрежа за поддршка, размена на искуства и поттикнување на родова еднаквост.

🎯 Цели на проектот:
🔹 Зајакнување на капацитетите на младите Ромки (лидерство, јавно говорење, застапување)
🔹 Создавање меѓународна мрежа за соработка и поддршка
🔹 Промоција на родова еднаквост и поголемо учество на жените во носење одлуки

👥 Кој може да се пријави:

Млади Роми и не-Роми на возраст од 17-29 години
Младински работници, лидери и волонтери, средношколци
Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници​

💼 Трошоци и останати информации

Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:

✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена

ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 20ти април 2026 година, до 18:00 часот.

ЛИНК: https://forms.gle/cyE7eqDHqpHLWySDA