Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници на завршната конференција во Злин, дел од стратегиското партнерство на РРОМА во рамките на проектот „ИЛТА-Иновативни слободни активности за млади“ поддржан од Еразмус плус програмата.
Завршната конференција се оддржува во Злин (Чешка) во период од 21-23.10.2016 година. На самата конференција ќе бидат презентирани резултатите и методологијата креирана во рамките на проектот. Проектот имаше за цел да ги истражува слободните активности кај младите и понуди свои креативни видувања и решенија. Исто така, учесниците ќе имаат можност да учествуваат во работилниците организирани од партнерите на проектот од 5 европски земји (Македонија, Чешка, Турција, Франција и Романија). Работилниците имаат за цел да ги запознаат учесниците со алатките и методите на работа во рамките на проектот.

Можат да се пријават сите заинтересирани:
– Младински работници, лидери, волонтери и др.;
– На возраст од 18-35 години;
– Да имаат познавање на англискиот јазик, бидејќи е работен јазик на конференцијата;
– Да немаат никакви предрасуди за работа во мулти-културна средина;
– Активно учествуваат во работилниците и работните групи.
Организаторите ги покриваат трошоците за храна и сместување, и организираат автобуски превоз од Македонија до Злин (Чешка) и назад.
Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место за поаѓање и назад!
Пријавување за конференцијата се врши со потполнување на апликацијата, најдоцна до 19 септември, 16 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!