Повик за учество на меѓународна обука “EUROMED Express”16:Social Entrepreneurship and Culture of Peace”

РРОМА распишува повик за учество на меѓународна обука, која што се оддржува во Турција со поддршка на Ерасмус плус програмата.

Обуката има за цел да помогне во создавањето на нова генерација на младински работници, кои што како активни граѓани ќе придонесуваат за оддржлив развој на своите заедници и да постигнуваат конкретни ефекти помагајќи ја транзицијата во Евро-медитеранските земји.
На обуката учество ќе земат млади од 13 земји. За повеќе информации, прочитајте го пакетот со информации.

Обуката ќе се оддржи во Истанбул, Турција почнувајќи од 14-ти до 21-ти август 2016.

Можат да се пријават:
– млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 35 години;
– младински работници, волонтери, активисти
– работен јазик е англиски!
Би ве замолиле да се пријавите најдоцна до 13-ти јуни (16.00 часот) потполнувајќи ја апликацијата и испраќајќи ја на info@rromassn.org со предмет: EUROMED 16
Сите трошоци поврзани со обуката се покриени од страна на организаторот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!