РРОМА објавува повик за учество на меѓународната обука, која што се оддржува во рамките на проектот „YEA – Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.


Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
– институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
– корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).

Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои една обука во Македонија и две младински размени во Романија и посета на кариерни центри и институции како добри практики во областа на младинското вработување.
Исто така, преку проектот ќе се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).
Првата активност од проектот во вид на меѓународна обука ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 25 август до 1 септември 2016.