Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на проектот, “From Oblivion To Awareness – Youth and the Roma Holocaust”.

Преку нурнување во историјата, и учење како да се бориме против антициганизмот како и кои се ефектите од овој феномен, овој проект ќе ја подигне свеста за овие прашања со тоа што ќе ги мобилизира младите учесници заедно со нивните врсници, да го продолжат сеќавањето на ужасите на Ромскиот геноцид користејќи дигитални и креативни алатки.

Во текот на две младински средби во Берлин и во Белград како и едукативни работилници, младите учесници ќе разменуваат искуства и приказни онлајн, споделувајќи информации и учејќи за историјата на Ромите и антициганизмот. До крајот ќе создадеме дигитални брошури, едукативни материјали и поткасти, со што ќе ја продолжиме нашата посветеност за еднаков третман и сеќавање. Заедно, ќе ја одбележиме историјата, ќе ги премостуваме генерациите и ќе промовираме позелена, дигитално-инклузивна иднина.

Цели:

  1. Зголемување на свеста и разбирањето за геноцидот извршен над Ромите и Синтите меѓу младите учесници од Северна Македонија, Германија и Србија.
  2. Негување на емпатија и интеркултурен дијалог меѓу
    учесниците преку изразување на солидарност и почит кон различните култури.
  3. Продолжување и промовирање на сеќавањето кон историјата на Ромите и Синтите за да се спречи нејзин заборав.

Активности:

Младинска размена во Берлин, Германија – 14.05 – 18.05.2024

Младинска размена во Белград, Србија – 30.07 – 03.08.2024

Учесниците кои ќе бидат селектирани се должни да присуствуваат на двете младински размени како и да учествуваат активно во локални работилници.

На повикот може да се пријават:

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

Обврска на учесниците:

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти април 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакетот со повеќе информации може да го најдете тука.

Овој проект е поддржан од страна на EVZ фондацијата и Federal Foreign Office како дел од програмата Young People Remember International.