Categories
Новости

РРОМА направи селекција на врснички едукатори за PECAO

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот на ЕРГО мрежата “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” поддржан од Google.Org Impact Challenge on Safety во периодот 12 мај 2020 година, објави онлајн повик за врснички едукатори кој траеше до 23 мај.

По разгледувањето на апликациите беа селектирани 9 учесици за онлајн интервју. Од направените интервјуа беа селектирани 5 едукатори.

Во рамките на проектот предвидена е обука за врснички едукатори, во Албена (Бугарија). Но поради настанатата ситуација, дел од учесниците не се во можност да патуваат во земјите од ЕУ, поради тоа обуката ќе се одвива паралелно (лице во лице и онлајн). Обуката ќе трае од 9-14 август 2020 година.

По завршувањето на обуката  врсничките едукатори ќе треба да прават мониторинг на говорот на омраза во сфера на електронски и пишани медиуми, но паралелно со тоа треба да спроведуваат и едукативни работилници за своите врсници на наведената тема.