Categories
Новости

Се оддржа работен состанок на коалицијата во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“

Од 10 до 13 ноември 2017 година во хотел Тино во Охрид се оддржа работен состанок на коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.

 
Динамика на работа

На состанокот беа дефинирани насоките на дејствување и динамиката за акција на коалицијата. За сега, коалицијата брои 7 организации-членки: РРОМА, ЗМОЧП, ЦРЗ Дром, Сумнал, 24 Вакти, Романо Авази и Ромалитико.
Во периодот што следи, коалицијата ќе објавува извештај по однос на интеграцијата на Ромите во РМ. Исто така, ќе следи повик за избор за најпријателски Ромски градоначалник, каде што добитникот ќе оди за Брисел и ќе има средби со релевантните ЕУ претставници. На состанокот беа потпишани договорите за грант. Вкупно беа доделени 6 мали грантови во вкупен износ од 460.500 денари. Повеќе информации за состанокот на линкот.

 
Потпишување на грант-договорот со Сумнал

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ има за цел воспоставување на конструктивен и систематски дијалог помеѓу локалните и националните институции и Ромското граѓанско општество, со цел подобрување на политиките за Ромите и нивната интеграција, социјална инклузија, не-дискриминација, меѓу-етнички дијалог, социо-економски развој и граѓански права.

Ќе се реализира од 01.01.2016 година до 31.12.2019 година со поддршка на Европската Унија и Рома Актив Албанија како носител на проектот, и РРОМА како партнер за Македонија.

Другите специфични цели опфаќаат:

  1. Зајакнување на професионалниот капацитет, легитимитет и отчетност на (про) Ромски граѓански организации и подигнување на нивните капацитети за долгорочно стратегиско планирање;
  2. Подигнување на свеста за модели на Ромска инклузија (патокази за надминување на социјалната ексклузија) и постигнување на структурални промени во локалните политики, креирајќи стратегиски партнерства со други граѓански организации, локални институции, општини и др. релевантни институции;
  3. Придонесување за поефективни политики и барање на отчетност на владите во креирањето на политики, носење на одлуки и имплементација;
  4. Јакнење на редовно вмрежување на (про) Ромски граѓански организации на регионално  и ЕУ ниво, како и фасилитација на размената на знаење, вештини и контакти, и зголемување и ширење на влијанието при водењето на кампањи и застапување.

Наредната активност на коалицијата е закажана во декември 2017 година.

Проектот е поддржан од Европската Унија.