РРОМА и партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија на 26 февруари го одржаа и вториот онлајн состанок на зоом платформата за проект за стратешко партнерство KA2 Loose Ends.
На овој состанок се подготвуваше план за истражување со цел за нашиот меѓународен проект. За време на оваа истражување ќе се спроведат длабински интервјуа со млади Роми од Романија, Унгарија и Северна Македонија, кои посетувале посебни училишта.
Kаде што ќе се истражува за влијанието на специјалната едукација врз животот на младите Роми кои што биле дел од истата и ќе застапуваме за подобрување на квалитетот, но и препознавање на бариерите и антициганизмот застапен во институциите.