Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација заедно со партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија, од 13-15 феруари 2022 во Будимпешта, Унгарија го одржаа вториот транснационален состанок во рамките на проектот за стратешко партнерство KA2 Loose Ends.
Состанок го започна партнер организацијата EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association од Унгарија со презентацијата за Унгарското истражување. Се разговараше за реализираните активности на сите партнерски организации, и за предизвици и начинот на кој се е одвивало интервјуирањето, се разгледуваа следните активности кои се во тек на реализација, и за активности кои треба да се реализираат во идниот период.
На состанокот се одреди и датумот на третиот транснационален состанок кој е предвиден да се оджи од 11 – 13 мај 2022 во Бребу, Романија.