Categories
Новости

Средба со министерот Самка Ибраимоски

Претставници на организациите-членки на коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ на 14 ноември оддржаа работен состанок со Министерот Самка Ибраимоски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.
Претставници на РРОМА, Дром, 24 Vakti, Ромалитико
на работен состанок со министерот Самка Ибраимоски
На средбата се дискутираше за состојбите, предизвиците и проблемите на Ромската заедница. Исто така, министерот Самка Ибраимоски изрази своја поддршка во активностите на коалицијата. Се разговараше и за Ромската платформа која што се оддржува во Брисел на 27 ноември, каде што министерот и претставници од коалицијата ќе земат свое учество. Еден од заклучоците на состанокот е потребата од меѓусебно координирање и заеднички да работиме на подобрување на состојбата на Ромите во РМ и нивно интегрирање во општеството како рамноправни граѓани. Кон крајот на декември 2017, ќе следи настан на презентирање на извештајот кој што коалицијата го спрема и за кој што е добиена поддршка од страна на министерот Ибраимоски.