Categories
Uncategorized Новости

Тренинг курс ,,LIVING TOGETHER-BREAKING HATE” во Шпанија

Во периодот од 1ви до 7ми јули во Леон, Шпанија истовремено со едукативната обука European Community Radio се одржа и тренинг курсот Living together – Breaking Hate. Тренинг курсот е иницијатива од Здружението Auryn во рамки не Еразмус+ програмата.

Младински работници од 8 европски земји (Франција, Италија, Северна Македонија, Шпанија, Турција, Бугарија, Грција, Португалија) имаа можност да дизајнираат образовни стратегии за борба против говорот на омраза, да работат на поттикнување на интеркултурализам, човекови права и социјална инклузија.

Овој курс е наменет да ги зближи организациите и луѓето кои работат со младите во различните земји учеснички и да им помогне да развијат стратегии за меѓусебно разбирање и почитување кон социјалните и културните разлики во Европа. Ова ќе помогне да се подобри квалитетот на работата со младите воопшто и во локален и европски контекст.

За таа цел младите во текот на тренинг курсот земаа учество во различни активности, односно ја изучуваа пирамидата на омразата и со помош на нивните креативни способности и вредности создадоа спротивна пирамида наречена пирамида на љубов и мир. Тие исто така учествуваа и во театар на сенки кој им помогна подобро да ги разберат корените на пирамидата на омразата.