Categories
Uncategorized Новости

ФИНАЛНИ КОНСУЛТАЦИИ ВО РАМКИ НА НАЦИОНАЛНАТА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА

На 05.12.2023 претставници на РРОМА присуствуваа на финалните консултации во рамки на Националната развојна стратегија.

Повеќе од 450 претставници од национални институции, граѓанскиот сектор, бизнис секторот, експерти од различни области, голем број млади и младински организации, учествуваа на финалните консултации за Националната развојна стратегија. На настанот беше презентирана нацрт верзијата на стратешкиот документ кој претставува сеопфатна визија за развојот на државата во следните 20 години. Процесот на креирање на Националната развојна стратегија обезбеди широка вклученост и консултации со повеќе од 5.000 граѓани од различни генерации, етнички групи, политички партии и општествени актери.