Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена COLOURS

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Colours”, која што ќе се оддржи од 30 август до 8 септември 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е да ги скрши стереотипите и предрасудите пред се спрема LGBTQI+ заедниците во Европа, промовирајќи култура на меѓусебно прифаќање и инклузија на различностите.

32 млади од 8 европски држави (Македонија, Романија, Унгарија, Полска, Грција, Шпанија, Белгија и Франција) ќе имаат можност да се дружат и учат за тоа што претставува сексуален идентитет, пол, припадност, како и што значи тоа хомофобија, трансфобија и како можат да се адресираат истите преку рамката за човекови права. Сите активности во рамките на проектот вклучуваат алатки од областа на неформалното образование.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 август 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!